Руска олимписка шампионка го нападна првиот човек на ИОК: Лицемер си, кажи дека сите ние сме виновни

Марија Ласицкене/фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Олимписката шампионка и трикратна светска шампионка во скок во височина, Марија Ласицкене која секогаш зборува без влакна на јазикот, го нападна претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах дека е лицемер и води хајка против руските спортисти.

Ласицкене која во минатото отворено ги критикуваше челниците на руската атлетика кои на направија ништо во борбата против допингот, сега бара да им се укине забраната на руските спортисти за настап на меѓународни натпреварувања која е воведена по руската воена инвазија врз Украина.

Ласицкене го нападна Томас Бах кого го обвини дена вовел забрана за настап на руските спортисти на меѓународни натпреварувања и притоа отворил нов конфликт внатре во спортот кој ќе треба време да се стави под контрола.

Имено, Русинката го нарече Бах лицемер поради неговите тврдења дека забраната за настап на руските и белоруските спортисти е поради нивна сопствена безбесност.

– Бах тврди дека на руските и белоруските спортисти ќе им биде загрозена безбедноста на натпреварувања, а во исто време гледаме дека руските тенисери патуваат низ целиот свет и немаат никакви проблеми, освен во Обединетото Кралство. Подобро е Бах на сите руски спортисти да им каже: Сите сте одговорни за тоа што се случува и поради тоа сте казнети. Но, немој да им зборуваш дека се суспендирани поради нивна безбедност – вели Ласицкене која бара од Бах да ја каже вистината.

– Зошто се извртуваат работите? Сите знаат дека не настапувам на меѓународни натпреварувања бидејќи сум Русинка. Тоа е главната порака на моето до Бах. Кажи ја вистината, нема потреба да лажете дека се грижите за нас. Само кажи дека сите ние сме виновни – изјави Ласицкене за РИА Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот