Украински напад со дронови врз Русија принтскрин ИКС

Русија ноќеска уништила 130 украински дронови, а московските аеродроми ги прекинаа операциите

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека единиците за воздушна одбрана собориле 130 украински дронови во текот на ноќта, од кои 15 се движеле кон Москва, пренесува Ројтерс.

Сергеј Собјанин, градоначалникот на Москва, изјави дека уште четири украински дронови на пат кон главниот град биле соборени утрово и дека службите за итни случаи се на местото на настанот.

Украинските сили повремено испраќаат беспилотни летала во руската престолнина, честопати предизвикувајќи проблеми на нејзините аеродроми.

Росавијација, руската агенција за цивилно воздухопловство, соопшти дека московските аеродроми Домодедово и Жуковски биле принудени да ги прекинат операциите, заедно со другите аеродроми во Јужна Русија.

Јуриј Сљусар, гувернер на јужниот Ростовски регион, изјави дека е оштетен далновод како резултат на напад со беспилотно летало во текот на ноќта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот