Руседски верува во Ѓоковиќ: Новак е најдобар и на крајот ќе има највеќе гренд слем титули

Новак Ѓоковиќ / фото: EPA-EFE/SCOTT BARBOUR

Поранешниот британски тенисер Грег Руседски е убеден дека Новак Ѓоковиќ ќе излезе како победник во трката за тенисер со највеќе гренд слем титули.

Рафаел Надал изминатиот викенд во Мелбурн по победата над Данил Медведев дојде до 21 гренд слем титула во кариерта и зад себе ги остави Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ кои имаат по 20 титули од најпрестижните тениски турнири.

Федерер се уште се опоравува од повредата на коленото, додека Ѓоковиќ не учествуваше на Австралија Опен бидејќи беше депортиран од земјата поради „проблеми со визата“.

-Без сомнеж ова е најголемиот успех на Надал. Тоа беше неверојатно финале, едно од најдобрите во историјата, не само поради историското значење со триумфот на Надал туку и поради квалитетот. Надал играше за 21 гренд слем титула, а Медведев за првото место на АТП ранг листата. Данил имаше водство од 2:0 во сетови, но Надал е Надал. Малкумина мислеа дека Рафа ќе дојде до 21. гренд слем титула пред Ѓоковиќ, но тој е супечовек, некој кој никогаш не се откажува – вели Руседски.

Британецот сепак смета дека на крајот, од големата тројка, Новак Ѓоковиќ ќе се пензионира како тенисер со највеќе титули од гренд слем турнирите.

– Отсекогаш сум велел дека Ѓоковиќ ќе има највеќе гренд слем титули, и понатаму стојам на зборот. Новак е најдобар. Единствено место на кое Федерер може да биде опасен е Вимблдон, но не знаеме во каква состојба ќе биде на лето. Надал на Ролан Гарос може да дојде до 22. гренд слем титула, но Новак ќе го прифати предизвикот и ќе се обиде да триумфира на Вимблдон и на УС Опен. На крајот од годината и двајцата тенисери би можеле да имаат по 22 титули. Доколку биде здрав, Новак би можел да освојува две гренд слем титули во наредните две-три години. На крајот би можел да се пензионира со 23,24,25… титули, а згорана тоа е рекордер по бројот на поминати недели на АТП ранг листата и има подобар меѓусебен скор со Надал и Федерер – вели Руседски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот