Руколата го намалува ризикот од појава на посериозни заболувања

Руколата од неодамна стана актуелна во исхраната на луѓето што живеат на ова поднебје.

Многумина покрај тоа што ја консумираат поради одличниот вкус, редовно ја имаат на трпезите и поради многубројните лековити својства.

Според нутриционистите, руколата има моќ да лекува, да подмладува, но и многу да помогне во борбата со вишокот на килограми.

Листот од рукола е богат со витамини, а има и висока концентрација на фолна киселина и антиоксиданти. Од витамините, најзначајни се Ц, К и А, благодарејќи на кои руколата важи за моќен борец против присуството на слободни радикали во телото. Покрај тоа, во составот на руколата има и минерали, какви што се калиум, манган, железо и калциум.

Токму затоа, руколата се користи во подготовката на голем број народни лекови. Поради нејзините лековити својства, руколата се користи како дополнување на терапијата за лекување на болести поврзани со срцето, но и како антиканцерогено средство.

Покрај тоа, таа претставува природен антибиотик, помага во регулирањето на варењето на храната, се користи како природен лек за лекување болести поврзани со работата на цревата, при проблеми со кашлањето, реума, остеопороза и слични заболувања.

Покрај тоа, руколата успешно ја прочистува крвта, помага во чистењето на црниот дроб и на слезината и ја намалува можноста за појава на рак на дојка и на белите дробови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот