Романска лекција за македонските футсалци во Темишвар

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Денеска македонската футсал репрезентација на гостински терен го претрпе и четвртиот пораз во неуспешните квалификации за пласман на следното Европско првенство.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски загубија доста убедливо во Темишвар од селекцијата на Романија со 9:1. Сите дилеми околу победникот беше решен уште во првото полувреме кога домаќините шестпати ја тресеа нашата мрежа.

Кај победниците три гола беа дело на Фелипе Оливеира, по два имаа Рибеиро и Савио Валадарес, а по еден Пауло Фереира и Соч. Единствениот погодок го реализиравме преку Петровиќ (24:07 мин.)

Но и покрај високиот триумф, Романците не стигнаа до втората позиција, бидејќи Србите славеа во Зеница кај Босна и Херцеговина со 1:3. Конечна табела, група „4“: Босна и Херцеговина 15 бодови, Србија 9, Романија 6, Македонија 2. БиХ ќе игра на ЕП, а Србите ќе се обидат тоа да го направат преку баражот.

Во овие квалификации покрај денешниот пораз, загубивме двапати од Босанците со 3:2 и 2:1, пораз од Србија со 6:1, а ремизиравме со Србите на гости 1:1 и дома со Романија 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот