Ролан Гарос: Ѓоковиќ експресно во второто коло
Првиот носител на грен слем турнирот во Париз, Новак Ѓоковиќ му препушти само пет гема на својот противник.
Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во второто коло на Ролан Гарос откако за 98 минути игра со 6:0,6:2,6:3 го победи Микаел Имер од Шведска.
Нареден противник на Ѓоковиќ во второто коло ќе му биде Беранкис кого го совлада на Мастерсот Синсинати минатиот месец.
Во дуелот со Имер, Ѓоковиќ во првиот сет изгуби само шест поени и уште тогаш беше јасно дека Ѓоковиќ ќе забележи рутинска победа без многу пот.
Сонародникот на Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ исто така обезбеди пласман во второто коло откако со 6:4,7:6,4:6,6:1 со совлада Италијанецот Магер.
Кај дамите, четвртата носителка Каролина Плишкова се намачи во дуелот против 172. тенисерка на ВТА ранг листата, Мајар Шериф. На крајот Плишкова славеше со 6:7,6:2,6:4. Три сета играше и Американката Софија Кенин (6:4,3:6,6:3) во дуелот со Самсонова.
За разлика од нив, Рибакина и Остапенко работата ја завршија во два сета против Кирстеа, односно Бренгле.