„Ролан Гарос“: Ѓоковиќ рутински против новиот „ученик“ на Вајда

Новак Ѓоковиќ имаше лесна задача против Словакот Алекс Молчан/Париз, Франција/25 мај 2022/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Новак Ѓоковиќ во второто коло на „Ролан Гарос“ денеска го совлада Алекс Молчан, 38. на АТП листата со 3:0 (6:2, 6:3, 7:6) за два часа и 18 минути. Ѓоковиќ играше против својот поранешен тренер Марјан Вајда кој сега го тренира младиот Словак Молчан.

Следен ривал на српскиот ас во 1/16 финалето ќе биде Словенецот Аљаж Бедене, 195. на АТП листата.

Третиот носител Александар Зверев мораше да спасува меч топка на дуелот против Себастијан Баез. Иако Аргентинецот имаше водство од 2:0 во сетови 6:2, 6:4, следуваше пресврт на Германецот кој ги освои следните три сета со 6:1, 6:2 и 7:5.

Следен противник на Зверев ќе биде Брендон Накашима (САД) кој со 3:0 (7:6, 6:4, 6:2) го елиминираше Холанѓанецот Талон Грикспор.

Големо изненадување се случи во женска конкуренција, освојувачката на „УС Опен“, Ема Радукану од Велика Британија од Белорусинката Александра Саснович која во третото коло ќе ира против Анџелик Кербер (Германија).

Грен слем турнирот во Париз (Франција) се игра за награден фонд од 43,6 милиони евра.

„Ролан Гарос“ 2022

Мажи, резултати

Оже Алијасим – Уго Карабели 3:0
Делиен – Хачанов 1:3
Изнер – Барер 3:1
Бедене – Куевас 3:1
Нори – Кублер 3:0
Гојо – Крајиновиќ 1:3
Запата Мираљес – Фриц 3:1
Мунар – Шварцман 2:3
Ван Де Зандшулп – Фоњини 2:0 (Фоњини пред.)

Жени, резултати

Азаренка – Петковиќ 2:0
Даниловиќ – Тејхман 0:2
Кербер – Жакемо 2:0
Бузкова – Мертенс (Бузкова пред.)
Мухова – Сакари 2:0
Анисимова – Векиќ 2:0
Гоф – Ван Ујтванк 2:0
Хадад Маја – Канепи 0:2
Синиакова – Фернандез 0:2
Кирстеа – Стивенс 1:2
Томљановиќ – Грачева 1:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот