Михаилис Рокас - Евроамбасадор / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Рокас: Да се забрзаат реформите, да се измени Кривичниот законик во Собранието

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, денес повика на забрзување на реформите во земјава кои водат кон стандардите на ЕУ.

Тој рече дека на Македонија ѝ недостасува напредок во судството и борбата против корупцијата, споменувајќи во оваа област потреба од измени на Кривичниот законик.

„Сега е време да се искористи можноста, да се забрзаат реформите и да се спроведат порешително. Во споредба со извештаите од последните години, постигнат е одреден напредок, но сепак е потврдена потребата од поголема посветеност од политичкиот спектар. Нема напредок во однос на реформите во судството и борбата против корупцијата. Ова останува од фундаментално значење што треба да се направи. Ова не се само определби, туку основа за довербата на граѓаните и за европската иднина на државата. Трета година по ред не сме постигнале значаен напредок во оваа област. Сепак, токму тука новата посветеност може да направи сериозна разлика. Во однос на борбата против корупцијата, би сакал да нагласам дека е потребно да се измени Кривичниот законик во Собранието во согласност со препораките“, рече Микалис Рокас.

Тој додаде дека уставните измени за внесување на Бугарите се клучни на патот кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот