Роберт Луис и Николиќ ќе ги бранат боите на КК Куманово

Луис и Николиќ се новите засилувања летото за КК Куманово/фото: КФСМ

Последните летни засилувања во пресрет на новата натпреварувачка сезона на кошаркарскиот клуб Куманово се Петар Николиќ и Роберт Луис.

Плејмејкерот Николиќ кој потпиша договор на две години претходно настапуваше за екипите на Пелистер, Работнички, Блокотехна и Еуро Никел.

Американецот Луис игра на бековската позиција и досега беше дел од Хамболт стејт и Тексас Саутерн.

Воедно Ненад Зивчевиќ го продолжи договорот со КК Куманово на уште две

Куманово покрај настапите на домашната сцена, во новата сезона ќе игра квалификации во рамките од ФИБА Евро Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот