РК Вардар: Рокот е продолжен, нова можност да купите сезонски билет

РК Вардар
Нови големи европски мечеви го очекуваат РК Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“/Скопје, Македонија, 22 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Рокот за продажба на сезонските билети за натпреварите на РК Вардар1961 е продолжен за уште четири дена и ќе трае од денеска и недела 26 септември 2021 година.

На барање на повеќемина навивачи кои побараа повторно да можат да купат сезонски билети за сите натпревари на Вардар, клубот им излегува во пресрет и истото ќе може да го сторат и следните денови. Потоа ќе продолжи повторно продажбата на поединечни билети за следните два домашни натпревари во ЕХФ лигата на шампионите.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена – 2.150 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 2.600 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 3.050 денари

За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот. Повеќе информации за распоредот на натпревари можете да најдете на следниот линк

По завршување на овој рок доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

Ќе бидат пуштени во продажба поединечни билети за следните два домашни натпревари против Алборг и Монпелје кои се на програмата на 29 септември и 13 октомври 2021 година.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Со навивачи е полесно, Вардар преку Мешков до прв триумф во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот