РК Вардар 1961 и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот
Ракометниот клуб Вардар 1961 и Црногорецот Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина, соопштија скопските „црвено-црни“.
Препорачано
Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.
Екипата предводена од Иван Чупиќ ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во кој ја очекуваат настапи во домашната Супер лига и во Лигата на Европа.
Претходно клубот ја информираше јавноста дека од јануари нов член на тимот ќе биде бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва кој потпиша договор до јуни 2028 година.
Нови договори со клубот потпишаа Французинот Џуниор Тузолана (до 2027) и Милан Лазаревски кој ќе го носи дресот и во следните две сезони.
Исто така, Вардар и Ален Ќосевски спогодбено го раскинаа договорот. Десното крило ја продолжи кариерата во редовите на ГРК Охрид.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
50мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


