Фото: RK Vardar 1961

Ракометарите на Вардар 1961 ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната

Ракометниот клуб Вардар 1961 почна да тренира за вториот дел од натпреварувачката сезона 2025/26, во кој „црвено-црните“ ги очекуваат настапи во домашната Супер лига и во Лигата на Европа.

Под водство на тренерот Иван Чупиќ, играчите го одржаа првиот тренинг во Скопје, со кој официјално беше означен стартот на подготвителниот период. Во овој дел од сезоната, Вардар привремено е без неколку ракометари кои се со своите репрезентации на меѓународни натпреварувања.

Десниот бек Урош Митровик настапува за Србија на Европското првенство, додека голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски и десниот бек Марек Марчињак се дел од полската селекција. Средниот бек Николас Боно настапува за Аргентина на првенството на Средна и Јужна Америка.

Вардар ќе ги реализира подготовките во Скопје, а кон крајот на месецот, на 30 и 31 јануари, тимот ќе настапи на силен меѓународен турнир во хрватскиот град Лабин, каде ќе игра против словенечкиот Слован Љубљана, како и против хрватските екипи Сесвете и Загреб.

Првиот натпревар во продолжението од Супер лигата, Вардар ќе го одигра на 7 февруари против Куманово, додека на 17 февруари следи гостување кај Бенфика во Португалија во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот