Рита Ора, фотографирана со дијамантски прстен, се шпекулира дека се верила!

Фановите на Рита Ора се надеваат дека оваа информација не е само озборување. Британската пејачка со потекло од Албанија, Рита Ора (29) поттикна нов сомнеж дека е тајно свршена откако беше забележана со огромен дијамант на раката.

Инстаграм – Рита Ора

Имено, пејачката е често во друштво на Роман Гаврас (39), француско-грчки филмски продуцент, со кого и целото лето го помина на одмор на Ибица и Крф.

За сомнежот да биде уште поголем дијамантскиот прстен го носи на домалиот прст или прстот на кој традиционално се носи веренички прстен.

Инстаграм – Рита Ора

Таа беше фотографирана пред еден мексикански ресторан во Лондон облечена во црна лакирана јакна, црни панталони, маица со црвено-бел принт, капа и заштитна маска. Секако вереничкиот прстен го засени комплетниот изглед. 

Фотографиите на славната пејачка со веренички прстен можете да ги погледнете ОВДЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот