Рим ќе наплаќа за пристап до една од најпосетуваните атракции во градот: „Луѓето јадат сладолед и пица на бесценет споменик!“

Фонтаната Треви / Фото: Profimedia

Италијанскиот град Рим е вистински музеј на отворено. Неговите улици, плоштади, згради и паркови се полни со знаменитости, атракции и историја.

Еден од најпосетените споменици, која не ја пропуштаат милиони туристи, е барокната фонтана Треви. Обично толпите се толку големи што стана речиси невозможно да се види неговиот раскош, што почна да им создава проблем на Римјаните. Затоа деновиве беше најавено дека се разгледува опцијата од следната година да почне да се наплаќа пристап до фонтаната, а за турата да се резервира однапред, пишува „Путни кофер“.

Во Рим, како и во многу други италијански и европски градови, со години се борат против прекумерниот туризам и последиците што тој ги има врз наследството, инфраструктурата и секојдневниот живот на жителите. Наплаќањето билети за фонтаната Треви е еден од актуелните планови што треба да ја намалат гужвата и да доведат до поодржлив туризам во градот. Советникот за туризам на Рим, Алесандро Онорато, објасни како тоа би функционирало за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

– Пристапот ќе биде бесплатен за жителите на Рим, а на туристите ќе им се наплаќа симболична влезница од едно евро – рече тој.

Фото: Garry F McHarg / Shutterstock Editorial / Profimedia

Властите велат дека наплатата не им е толку важна колку што сакаат да го ограничат пристапот до фонтаната.

– Целта на влезницата не е да се соберат пари, туку да се намалат и контролираат гужвите, а во исто време да се спречат туристите да јадат сладолед или пица на споменик што заслужува почит – објаснуваат градските власти.

Идејата е во почетна фаза и сè уште нема конкретен предлог за нејзина реализација. Она што е сигурно, пишуваат италијанските медиуми, е дека проблемот со гужвите околу фонтаната мора некако да се реши. Туризмот во Рим бележи рекордни бројки, но мора да биде одржлив за градот, животната средина и неговите жители, посочуваат тие.

Околу 35 милиони луѓе го посетуваат Рим секоја година, а бројот се очекува да биде уште поголем следната година бидејќи во 2025 година ќе се случи Јубилејот, верски настан кој ќе трае една година и ќе се одржува во Рим и во Ватикан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот