Ријана и Ејсап Роки станаа родители по вторпат: Пејачката се породила во тајност

Фото: Instagram/ bapgalriri

Познатата пејачка Ријана и нејзиниот партнер, музичарот Ејсап Роки го добија своето второ дете. Пејачката во тајност се породила и на свет донела здраво момче, уште на на почетокот на овој месец, пренесува „Ти-ем-зи“.

Извори блиски до пејачката наведуваат дека таа се породила на 3-ти август во Лос Анџелес. Името на нивниот втор син, сè уште не е познато, но се шпекулира дека најверојатно почнува со буквата „Р“.

Фото: Instagram/ bapgalriri

Да потсетиме, пејачката веста за бременоста ја објави во февруари годинава, за време на нејзиниот настап во полуфиналето на Супер Боул.

Инаку, Ријана и Ејсап Роки го добија своето прво дете во мај 2022 година, а момчето го доби името РЗА Ателстон Мајер, (RZA Athelston Mayers), во чест на продуцентот и рапер РЗА (RZA), водач на американскиот хип хоп колектив Ву-Танг Клан.

Ова е името на синот на Ријана: Момчето е именувано по познат рапер

„Дали тајно се венчале?“: Ријана и Ејсап Роки ги поттикнаа гласините за брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот