Ова е името на синот на Ријана: Момчето е именувано по познат рапер
Конечно е откриено името на синот на Ријана, откако таа го чуваше во тајност речиси една година.
Дејли меил ексклузивно објави копија изводот од книга на родените на малото момче, откривајќи дека тој се вика РЗА Ателстон Маерс (RZA Athelston Mayers).
Препорачано
Детето, кое 35-годишната поп-ѕвезда го доби со нејзиниот партнер Ејсап Роки, очигледно го добило името во чест на продуцентот и рапер РЗА (RZA), водачот на американскиот хип хоп колектив Ву-Танг Клан.
Се чини дека Ријана го навести името на нејзиниот син по неговото раѓање на 13 мај минатата година, со тоа што повеќе пати носеше облека од Ву-Танг Клан.
According to @DailyMail, Rihanna and Asap reportedly named their baby boy ‘RZA Athelston Mayers’
?: https://t.co/oDr8WgvI3e pic.twitter.com/z6pSPuOcW7— Glock Topickz (@Glock_Topickz) May 10, 2023
Имено, изводот од книга на родените укажува дека РЗА го добил средното име на неговиот татко Ателстон.
Сепак, средното име на Роки претходно беше наведено на повеќе места како „Ателастон“.
Изводот, исто така, укажува дека момчето е родено во медицинскиот центар Седарс-Синаи (Cedars-Sinai) во Лос Анџелес.


