„Дали тајно се венчале?“: Ријана и Ејсап Роки ги поттикнаа гласините за брак

Фото: Профимедиа

Познатата двојка Ријана и Ејсап Роки ги подгреаа гласините дека стапиле брак, откако раперот ја нарече својата бремена партнерка – „мојата сопруга“.

„Пејџ сикс“ ексклузивно објави дека Ејсап Роки јавно ја искажал својата љубов кон Ријана за време на неговиот настап на фестивалот „Кан лајонс“.

„Сакам да ѝ ја посветам оваа песна на мојата убава сопруга“, изјави Ејсап Роки пред публиката.

Ријана, која го покажа трудничкиот стомак во проѕирен црн фустан, потоа му возврати со насмевка од ВИП делот.

Фото: Инстаграм/Ријана

Оваа изјава го привлече вниманието на фановите, кои веднаш почнаа жестока дискусија на социјалните медиуми.

Како потсетување, Ријана и Ејсап Роки ја започнаа својата љубовна врска во 2020 година, а во јануари 2022 објавија дека го очекуваат своето прво дете – синот Риза Ателстон Мајерс.

За време на годинашното издание на „Супер бол“, Ријана откри дека е повторно бремена. Таа и Роки допрва треба да го откријат полот на второто дете, но фановите претпоставуваат дека ќе биде девојче бидејќи идните родители неодамна беа забележани како купуваат розова бебешка облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот