Рибакина за раскинувањето на соработката со Иванишевиќ: Не сум лесна како што некои мислат
Казахстанката, објаснувајќи зошто ја прекинала соработката со хрватскиот тренер, изјави дека таа не е лесна како играч, како што некои мислат и соработката со неа знае да биде комплицирана
Соработката меѓу Елена Рибакина и Горан Иванишевиќ беше краткотрајна. Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ немаше време да го сподели целото свое знаење со казахстанската тенисерка, но таа самата призна за АФП дека со неа тешко се живее и тренира.
Препорачано
– Седнавме, разговаравме и решивме да се разделиме. Но, мислам дека научив многу и не е лесно да се најде добра соработка. Се разбира, потребно е време, но тоа беше наша одлука. Ќе видиме како ќе ми помине оваа година. Јас, исто така, не сум толку лесен играч како што мислат некои луѓе: „Ох, таа е лесна“ или нешто слично, но навистина не е така. Мислам дека секој човек е различен и никој не е совршен, и понекогаш можам да бидам тврдоглава на теренот и за одредени работи – вели Рибакина.

Таа го донесе Иванишевиќ за тренер за време на меѓусезоната, но двајцата се разделија веќе по Австралија Опен. Сега Рибакина има нов тренер, тоа е Италијанецот Давиде Сангуинети.
ВИДЕО | Вакво нешто ретко се гледа: Американецот Томи Пол го има поенот на годината!


