Режисерот на „Squid Game“ подготвува филм по роман на Умберто Еко: Ќе биде понасилен

Squid Game/ Twitter
Squid Game/ Twitter

Нетфликс серијалот „Squid Game“ направи бум минатата година. Со суровоста и вештината на раскажувањето ја освои светската публика. Сега, креаторот на „Squid Game“, Хванг Донг-Хјук работи на нешто многу поконтроверзно за својот следен проект. Јужнокорејскиот експерт за страв созадава филм со работен наслов „Killing Old People Club“ или „K.O. Club“, заснован на роман напишан од Умберто Еко, според „Variety“.

„Ќе биде понасилен од „Squid Gamе““, изјави Донг-Хјук неодамна.

Тој, наводно, веќе развил работна верзија од 25 страници за филмот, за кој очекува дека ќе биде „уште еден контроверзен филм“.

Јужнокорејската серија руши рекорди: Squid Game на пат да стане најуспешна серија на Нетфликс

„Squid Gamе“ следеше ликови со ограничени финансии кои се натпреваруваа во брутална и фатална (за повеќето) серија игри со цел да ги добијат очајно потребните пари. Серијата беше рангирано на првото место во десетици земји на Нетфликс, а обожавателите на драмата изјавија дека е исполнета со „прекумерно насилство“.

Како серијата „Squid Game“ ја откри страшната вистина за светот во кој живееме?

На серијата ретко кој можеше да ѝ оддолее и поради тоа почна продукција за втора сезона чиј датум за премиера сè уште се чека. Режисерот во интервјуа се оградува од давање многу информации, но во една прилика рече:

„Ќе ви го ветам ова. . . Ги-хун ќе се врати и ќе направи нешто за светот“.

ФОТО | Колачињата од „Squid Game“ го освојуваат светот: Рецептот содржи само две состојки!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот