Зоотопија - Фото: Инстаграм/popbase

ФОТО | Режисерот Бајрон Ховард и продуцентката Ивет Мерино го најавија третото продолжение на „Зоотопија“

По одличниот прием на „Зоотопија 2“, режисерот Бајрон Ховард и продуцентката Ивет Мерино откриваат дека разговараат за можноста да се направи трет дел од популарната анимирана франшиза. Ховард истакнува дека и покрај тоа што вториот филм излезе дури 10 години по оригиналот, ентузијазмот кај обожавателите на франшизата бил јасен во последната година и пол.

Тој додава дека разговорите за продолжение се веќе во тек, со цел да се задржи интересот и магијата на светот на „ Зоотопија“.

Зоотопија – Фото: Инстаграм/popbase

„Зоотопија 2“ се покажал како голем успех, а филмот неодамна освои награда за најдобар анимиран филм на БАФТА наградите, што дополнително ја потврдува желбата на публиката за нови авантури на Џуди Хопс и Ник Вајлд.

Иако сè уште нема официјална потврда од Дизни за „Зоотопија 3“, режисерот и продуцентката велат дека се среќни што можат да размислуваат за следното поглавје од омилениот анимиран свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот