Револтирани граѓани протестираат пред Влада поради поскапување на струјата

Серија протести против поскапувањето на струјата денеска ширум Македонија. Протесните маршови започнаа во 19 часот во паркот во Чаир, плоштадот Илирија во Тетово како и пред објектот на општина Куманово, како и пред Владата.
Револтираните граѓани извикуваа „ЕВН лопови“, ајдуци…
Протест има и пред седиштетото на компанијата ЕВН во Гостивар.
Тетовци револтирани поради одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7,4 отсто вечерва излегоа на протест. Не само што бараат повлекување на одлуката, туку и дополнително да поевтини за 20 отсто особено во време на пандемија.
Организаторите на протестите посочуваат дека тие се организираат како реакција на поскапувањето на струјата, но и против компанијата ЕВН.
-Најавеното поскапување на струјата од 7,4 проценти заедно со Данокот на додадена вредност од 18 проценти ќе изнесува 8,73 проценти, а во изминатите 14 години струјата поскапела 230 проценти, изјави претседателот на НСГРИТ Атанас Трајковски.