Комеморација за Кили - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Комеморација за Кили - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ФОТО | Ретка заедничка слика на Кили и Љац која крие посебна приказна

Ретка фотографија од Кирил Поп Христов – Кили и Владимир Ендровски – Љац се појави на социјалните мрежи, а на неа актерите се дел од ѕвездена екипа со своите колеги од времето кога дипломирале на ФДУ.

Насловната страница на некогаш најпопуларното списание „Екран“, со наслов „Дипломци“, открива дел од генерацијата, меѓу кои се и Тања Кочовска, Валентина Божиновска, Драган Спасов – Дац и Ѓорѓи Јолевски.

Фото: Фејсбук

На фотографијата е и актерот Владимир Ендровски – Љац, кој, за жал, повеќе не е меѓу живите. Тој почина на 20 август 2023 година, на 60-годишна возраст.

Познатиот македонски актер Кирил Поп Христов – Кили почина на 11 март во Еквадор. Тој се пресели во јужноамериканската држава во 2014 година со своето семејство – сопругата Гордана и ќерките. И покрај преселбата, повремено се враќаше во Скопје и одржуваше контакт со пријателите и колегите од театарската и филмската сцена.

Со силна сценска енергија и препознатлива харизма, Кили беше еден од оние актери кои уште од своите дипломски денови ветуваа многу. За жал, неговиот живот заврши прерано, оставајќи празнина на македонската театарска и телевизиска сцена, но и силно наследство што продолжува да живее преку неговите улоги.

Кили ќе биде погребан во Еквадор, земјата во која помина значаен дел од својот живот. Неговото почивалиште е во Мангларалто, покрај океанот, откри за „Викимедија“ неговата сопруга, кореографката и професорка по современ танц Гордана Деан Поп Христова.

Токму оваа фотографија, на која Кили е заедно со своите колеги од генерацијата, останува сведоштво за еден млад бран актери што подоцна ќе ја одбележат македонската сцена. Кили и Љац потекнуваат од генерација дипломци која ќе стане столб на современото македонско актерство.

ФОТО | Емотивен спомен од помладите денови: Тања Кочовска се прости од Кили

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот