ФОТО | Емотивен спомен од помладите денови: Тања Кочовска се прости од Кили
Тања Кочовска на емотивен начин се прости од Кирил Поп-Христов Кили, објавувајќи нивна заедничка фотографија.
Препорачано
Под фотографијата таа само кусо напиша: „Кили“, а станува збор за стара фотографија од помладите денови на двајцата актери.
Актерот почина завчера во Еквадор на 58-годишна возраст, а веста ја потврди неговото семејство.
Кирил Поп – Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал во 1989 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности, во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Од 1993 до 2014 година работел во Македонскиот народен театар. Тогаш, како што самиот изјавуваше, поради притисоци од тогашната власт, со семејството се преселил во далечниот Еквадор.
Тања Кочовска е една од омилените актерки меѓу колегите, а со Кили ја делеле истата страст кон актерската професија.
Кочовска е родена на 21 јануари 1967 година во Скопје. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности – Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1991 година работи во Драмски театар – Скопје, а во 1993 година преминува во Театарот за деца и младинци – Скопје. По 24-годишна успешна и наградувана кариера во Театарот за деца и младинци (ТДМ), од 1 август 2017 година станува дел од Македонскиот народен театар.


