Решете го проблемот со бигор во машината за миење садови без штетни хемикалии
Бигорот е еден од најчестите проблеми во домаќинството кога станува збор за чистење. Може да биде особено фрустрирачки кога се појавува во кујната, а особено во машината за миење садови.
Препорачано
Иако неговото отстранување може да изгледа како тешка задача, постои едноставно, природно решение кое може да помогне бигорот да стане минато.
Имено, пазарот е полн со средства за отстранување на бигор, многу од овие производи содржат силни хемикалии кои можат да бидат штетни за здравјето и животната средина. Наместо тоа, одлична алтернатива нудат природните состојки што веќе ги имате дома – сок од лимон и оцет.
Оваа комбинација е исклучително ефикасна во отстранувањето на тврдокорните наслаги од бигор. Едноставно испрскајте ја смесата од сок од лимон и оцет врз засегнатата површина, оставете ја да делува најмалку еден час (или уште подобро преку ноќ), а потоа избришете ја со крпа или сунѓер. Површината повторно ќе биде чиста и сјајна.
Овој метод не само што го отстранува бигорот, туку и ја освежува внатрешноста на машината, оставајќи ја чиста и со пријатен мирис.


