Во тек е реизбор на претседатели во 76 општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки бара „свежа крв“
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, соопшти дека на првата седница на Извршниот комитет било решено да се спроведе сеопфатен реизбор на претседателите во 76 општински комитети, како и на челниците на Унијата на ветерани, Унијата на жени и на Унијата на млади сили.
Препорачано
Во пораката упатена до членството, Ковачки изјави дека партијата функционира „како динамична организација што постојано се надградува и отвора простор за свежи идеи и за нова енергија“.
Во Вреди не можат да се договорат за министрите, ќе ја почекаат реконструкцијата?
Според него, процесот на реизбор претставува „шанса за голем број членови и активисти со капацитет и со мотив да се вклучат во унапредување на внатрепартиската работа и во креирањето на политиките“.
Тој рече дека треба да се охрабрат и да се вклучат „луѓе со личен и професионален интегритет, кои ќе придонесат за поголемо единство во партијата и ќе работат одговорно и посветено“.
– Отворени сме за секој што сака да биде дел од тимот што победува – изјави Ковачки.
Ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот, вели Јаневска за евентуалната реконструкција на Владата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


