Реновирање во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” со донација од „Еколог“

Фото: Министерство за здравство

Сопственикот на компанијата „Еколог Интернешнл”, Лазим Дестани додели донација за реновирање на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје, позната како стара Градска болница.

Дестани денеска го посети овој медицински центар за лично да го увиди напредокот на тековните  работи.

Донацијата за реновирање на овој болнички центар во Скопје доаѓа по низата донаторски активности на групата „Еколог”. За време на пандемискиот период, оваа компанија во рамки на корпоративната општествена одговорност донираше техничка опрема за присуство на процес на учење преку интернет за деца од социјални семејства низ целата држава, материјали и опрема во болницата во Тетово и доставени тестови за Ковид-19 до надлежните органи на Министерството за здравство.

Со донацијата за реновирање на хируршкиот објект во Скопје значително ќе ги подобри условите претворајќи го во здравствен дом со модерен изглед.

Фото: Министерство за здравство

За време на посетата на болницата, Дестани се сретна со директорите на клиниката Љубен Арсенков и Нермин Шаќири.

– Денешната посета на Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог”, претставува особено задоволство и чест за нас. Донацијата за обнова на фасадниот-атриум е од исклучително значење за нашата болница. Се надевам дека оваа општествена одговорност на Дестани ќе биде поттик за други можни донации од други компании или поединци. Во име на целиот тим, повторно му се заблагодарувам за донацијата и особено за честа што ни ја направи со посетата на оваа болница, изјавија првите луѓе на клиниката.

Покрај оваа донација во Град Скопје, „Еколог” група разговара со надлежните органи за капитална инвестиција за воспоставување на модерна универзитетска здравствена клиника за полошкиот регион, во Тетово.

Како дел од проектот „EcoCare” за Ковид-19, компанијата „Еколог Интернешнл” веќе спроведува голем број проекти од областа на здравствените услуги во неколку западноевропски земји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот