Ременски: Одлуката на ОЈО е избрзана, нема никакви докази против мене

Фото: Слободен печат

. Во однос на одлуката на Јавното обвинителство, констатирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази можат да станат основи за обвинение. И тоа секако дека ќе се докаже, но за тоа ќе треба некој да сноси и одговорност, вели Ременски.

Утринава против пратеничката, Фросина Ременски, Јавното обвинителство покрена обвинителен акт за случајот „Рекет 2“.

Во врска со овој случај, Ременски одговараше на новинарски прашања, при што рече дека за обвинението дознала од медиумите.

– Како и за тоа дека сум осомичена, така и за обвиниението дознав од медиумите и тоа уште еднаш покажува како функционираат нашите институции, и дали постапуваат согласно законот независно кон кого се однесува. Во однос на одлуката на Јавното обвинителство, констатирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази можат да станат основи за обвинение. И тоа секако дека ќе се докаже, но за тоа ќе треба некој да сноси и одговорност.
Слободно можам да кажам дека со овој процес можам да најавам и реформа на Јавното обвинителство. имајќи во предвид дека многу од прашањата допреа до јавноста, останаа и неодговорени прашања и секако тука не очекувам соработка од останатите институции, но очеувам соработка од новиот минстер за внатрешни работи кој што можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања кои не беа отворени во текот на изминатиот период да доабијат некаква гласност а со тоа и опозициајта да покаже дека стои на ставот дека сака да работи професионално и согласно зкаонот. Во таа насока не би кажала ништо повеќе од она што го кажав имајќи во предвид дека во оваа смешна постапка ќе се види дека реално нема докази за ова што Обвинителството ме сомничи а ме сомничи за угледот и авторитетот. Апсурдно ќе биде за секој политичар во иднина кој ќе има контакт со граѓани и со невладини организации, за секој минстер за странски инвестиции кој што ќе даде било каква поддршка на идеен проекти или на било што, со избор на програма на влада или партија еден ден да биде и во ситуација да биде и осомничен па дури и да биде обвинет за нешто што е можеби благородна цел во целокупното работење и постапување  – одговорила Ременски.

Ова се одговорите на Ременски и на останатите новинарски прашања:

Очекувате докрај да го истерате мандатот, односно да не биде покрената иницијатива за одземање на пратеничката функција?

– Не верувам дека такво нешто ќе се случи. Прво јас не гледам дека има основа воопшто и да се случува ова за што денеска разговараме, меѓутоа факт е дека порачките за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат. Јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен, имајќи во предвид дека политичките амбиции на одредени лица се пресилни за да земат во предвид било какви мои професионални ангажмани од минатото.

На кого мислите?

– Јас повеќе не би коментирала. Би сакала да ме следите во следниот период и секако доколку и вие сакате да постои вистинска реформа во институциите да ги поставувате вистински прашања.Јас жалам што и досега не ги поставивте вистинските прашања,  за оние што ги отворив во јавноста. Овој процес може само да докаже еден голем апсурд. Кога ќе ги имате сите обвинети во предметите на СЈО и кога ќе ги имате сите можни криминалци на слобода, а кога професор на факултет за безбедност кој што поднел 16 кривични пријави ќе го ставите во апсуреден судски процес да докажува углед и авторитет, тогаш мислам дека на секому ќе му биде јасно за што зборувам.

Вашите партиски функции се замрзнати. Како понатаму ќе постапувате во партијата по обвинението?

– Јас воопшто не очекувам ништо поврзано со мојот политички ангажман бидејќи од него доброволно се откажувам.

Што значи тоа дека доброволно се откажувате?

– Не сум вклучена во партиските активности, во последниот период за изборите очигледно тоа е и целта.

Дали имате одговор за кривичната пријава која ја поднесовте против Силјан Аврамовски?

– Тоа е уште еден доказ како функционира системот. За некого законите важат, за некого не важат, Но еве и тоа е дел од таа реформа која треба да следи. И јас сум уверена во едно – „дека овој судски процес ќе даде многу сериозни импути и за меѓународната заедница во смисла на носење на нивните одлуки и оценка за вистинитоста на патот по кој се движиме сите ние – рече Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот