Рељиќ со трофејот од „Тирана Опен“, најдобар борец од сениорките

Фото: Taekwondo-klub-Tigri-Skopje-Macedonia

Македонската таеквондо натпреварувачка Мила Рељиќ доминираше на меѓународниот турнир „Тирана Опен“ во Албанија и беше прогласена за најдобар борец од сениорките.

Како што информира Таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје, Рељиќ со три технички нокаути со резултат 22:2, 28:3 и финалната од 21:1 над своите противнички успеа да се закити со трофејот на Топ Џим Тирана Опен натпреварот во таеквондо.

Освои и пехар за најдобра сениорки, во олимписки тежински категории, сениорки -67кг беше доминантна над своите противнички и само ја потврди својата добра форма.

Од Таеквондо Клубот Тигри Скопје на овој турнир учествуваа уште пет натпреварувачи освојувајќи два сребрени и еден бронзен медал.

Тамара Младеновска во сениорки -67 загуби на златен поен, учество земаа и Ивона Блажевска, Максим Блажевски, Мила Зафировска и Христијан Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот