Рекорден број смртни случаи во Австралија за 24 часа

Во изминатите 24 часа, во главниот град на Викторија, Мелбурн се регистрирани 410 нови случаи на инфекција, откако нивниот број беше под 400 за три последователни дена.

Австралија денеска соопшти за рекорден број смртни случаи од новиот коронавирус во изминатите 24 часа. Сите 21 смртни случаи се пријавени во државата Викторија. Со нив, вкупниот број на смртни случаи во државата достигна 267, а во целата земја – 352.

Во изминатите 24 часа, во главниот град на Викторија, Мелбурн се регистрирани 410 нови случаи на инфекција, откако нивниот број беше под 400 за три последователни дена.Уште 18 новозаразени се регистрирани во државата Нов Јужен Велс. Вкупниот број на случаи на коронавирус во Австралија достигна 22.127.

Кластерот за зараза во Мелбурн, втор по големина град во Австралија, со 4,9 милиони жители, ги принуди властите минатата недела да воведат полициски час, да ги заострат ограничувањата за движење на луѓето и наредија затворање на големи сектори на економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот