Фото: Приватна арива

Рецепт за здрав и сладок деликатес од Стефанија Несторовска: Протеинска торта

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно. Денеска ни донесува рецепт за еден супер вкусен десерт – протеинска торта.

Состојки:

– 2 зрели банани
– (помалку од 1 шолја) 240 милилитри јогурт**
– 2 јајца
– 1 пакетче прашок за печиво
– 1/2 лажичка ванила (по желба)
– 1 + 1/2 шолја (170 грама) овесно брашно
– 1/2 шолја (50 грама) протеин
– замрзнато шумско овошје, за топинг (по желба)
** можеби ќе има потреба да се додаде повеќе јогурт. Почнете со количината наведена погоре, па доколку има потреба, дополнително ќе додадете.

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Рерната се загрева на 180 степени и се поставува хартија за печење на тава за печење. Јас користев кружна тава (27 см), но може каква било.
Бананите се пасираат, па се додаваат во голем, длабок сад. Се додаваат и јајцата, јогуртот и ванилата. Се промешува додека не се соединат.
На истата смеса се додаваат протеинот, овесното брашно и прашокот за печиво. Се промешува сѐ додека состојките не се соединат. Смесата ќе биде прилично густа, па ако има потреба, додадете повеќе јогурт. Треба лесно да се растече и додаде во тавата за печење.
Се додава и шумското овошје одозгора како топинг, доколку се користи.
Се пече 5 минути, потоа се намалува температурата и се пече дополнителни 20 минути. Тортата е готова кога со нож ќе боцнете во средината и ќе излезе чист, без залепена смеса. Ако има потреба печете уште дополнителни 5 минути.
Тортата оставете ја малку да се излади пред да ја сечете.

Фото: Приватна архива

Забелешки и совети:

→ Ако не сакате да користите протеин, може да замените со повеќе овесно брашно во истата количина како протеин.

→ Јас користев вегански протеин во вкус од солен карамел, но можете каков било.

→ Шумското овошје може да го замените со вишни, јаболка или сосема да го изоставите. Исто така, како топинг може да користите и парчиња од чоколадо, кокос, сечкани јаткасти плодови и слично…

→ Во овој рецепт не додадов никаков дополнителен шеќер како агаве, јаворов, мед и слично, затоа што ми беше доволно благо од протеинот и бананите. Ако сте обожавател на повеќе благо или не користите протеин – тогаш додајте си некој засладувач по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот