Рецепт за вкусен колач со лимон и бозел: Искористете ја сезоната на бозел

колач со лимон и бозел
Kолач со лимон и бозел / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бозелот се бере по неколку сончеви денови без дожд за да има што повеќе полен на цвеќето, бидејќи го дава тој препознатлив вкус и мирис. Внимателно изберете локации каде што нема загадување во близина.Сезоната на бозел е во полн ек, па не дозволувајте да помине без да направите нешто од бозел, бидејќи е вкусен, но и многу здрав. За неговите лековити својства луѓето знаат уште од античко време – ги ублажува воспаленијата, го регулира варењето, го стимулира потењето, го чисти телото од насобраните токсини…

Од цвеќиња можете да направите се и сешто – од колачи и чај до сок, мед… Одлични се бобинките од бозелот, кои се појавуваат на гранките на крајот на летото. Се користат за правење џемови и мармалади, сирупи и мафини.

Сочен колач со лимон и бозел

Потребни состојки:
За базата:
– 250 г несолен путер (многу мек)
– 200 г шеќер
– рендана кора од 3 лимони
– 3 јајца
– 250 г брашно
– 1 ипол лажичка прашок за пециво
– четвртина лажичка сол
– 100 мл млеко

За преливот:
– 3 лажици сок од лимон
– 100 мл сируп од бозел

За глазурата:
– 250 г шеќер во прав
– 2 лажици сок од лимон

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 175 степени и додека се загрева почнете да се подготвувате. Калапот (25х10см) премачкајте го со путер и ставете хартија за печење (на дното и од страните) за малку да штрчи од протванот (за подоцна полесно да го извадите колачот). Потоа почнете да ја правите базата. Изматете ги путерот и шеќерот, додадете ја ренданата кора од лимон и едно по едно јајце, внимавајте секое добро изматено пред да го додадете другото. Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта, а потоа измешајте половина од смесата со путерот и другото. Кога убаво ќе се соедини смесата додадете го млекото, а потоа и преостанатата смеса со брашно. Измешајте ја смесата уште малку и префрлете ја во подготвениот сад за печење, израмнете и печете 50 минути до еден час, проверете со чепкалка, чепкалката да излезе чиста од тестото. Направете го преливот мешајќи сируп од бозел и сол од лимон – ставете го на готовиот бисквит, но прво направете мали дупчиња за течноста да влезе подлабоко во колачот што подоцна ќе го направи посочен.После тоа, време е за правење на глазурата – изматете ги сите споменати состојки добро да се соединат, па нанесете ја на колачот откако ќе ја извадите од калапот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот