Рецепт за велигденските колачиња на славната британска готвачка Мери Бери
Славната британска готвачка Мери Бери го осмислила овој одличен рецепт – од половина тесто направете традиционални колачиња со сушено овошје, а од другата половина колачиња со глазура.
Препорачано
Познатата готвачка Мери Бери е секогаш полна со инспирација, а истото важи и кога станува збор за велигденските колачиња. Оваа голема кулинарска ѕвезда има одлична идеја како од едно тесто за Велигден да направите одлични колачиња во две верзии, готови за само 20 минути.
Колачињата треба да ги исечете со калапи со соодветни мотиви – зајачиња, цвеќиња, јајца… и ќе го добиете најдобриот празничен десерт што особено ќе им се допадне на најмладите, кои можете да ги вклучите и во нивната декорација. Овие преслатки колачиња ќе бидат најдобрата декорација на вашата велигденска трпеза, но и омилен брз деликатес за сите денови од годината (само во други мотиви).

Состојки:
– 200 г путер
– 150 г шеќер
– 2 жолчки
– 400 г остро брашно
– 1 лажичка цимет
– 0,50 лажичка каранфилче
– 0,50 лажичка мускатно оревче
– 4 лажици млеко
– 100 г суво грозје
– 3 лажици шеќер
– 2 лажици сок од лимон
– 250 г шеќер во прав
– 2 лажици вода
– прехранбена боја

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во два плитки плеха ставете хартија за печење.
Измиксирајте ги путерот и шеќерот додека не добиете светла, воздушеста смеса. Измиксајте ги жолчките една по една.
Просејте го брашното и другите состојки, па додајте доволно млеко за да добиете релативно меко тесто.
Поделете го тестото на 2 половини. Едната половина искористете ја за традиционални колачиња – во тестото измешајте го сувото грозје и развлечете го до дебелина од приближно 5 мм. Со помош на калап, исечете колачиња со велигденски мотиви, ставете ги во плех за печење и наросете ги со малку шеќер. Печете околу 15 минути. Потоа, извадете ги колачињата од рерна и префрлете ги на решетка за да се изладат. Чувајте ги во сад со капак, без проток на воздух.
За колачињата со глазура – развлечете го тестото со дебелина од приближно 5 мм и со калапи за колачиња исечете соодветни велигденски форми (јајца, зајчиња, цвеќиња, пилиња…). Двата плеха обложете ги со хартија за печење и во нив ставете ги бисквитите, па печете ги 10-15 минути. Извадете ги велигденските колачиња од рерна и оставете ги да се изладат на решетката.
За глазурата, измешајте шеќер во прав со сок од лимон и додајте околу 2 лажици вода, односно колку што ви е потребно за да добиете мазна глазура (не премногу густа, но ниту премногу ретка!). Ако сакате разнобојна глазура, поделете ја оваа основна смеса во неколку садови и во секој сад ставете неколку капки прехранбена боја по ваш избор.
Глазурата ставете ја во ќесе со шприц и со неа исцртајте разни форми на колачињата или едноставно премачкајте ја целата горна површина на колачињата со глазура. Оставете ги колачињата на собна температура додека глазурата не се исуши.


