Рецепт за ризото со овес, печурки и ореви: Здрав оброк што не дебелее
Овесот е житарка која е здрава намирница за срцето, а овесната каша е богата со Б-витамини, јаглехидрати, влакна и бета-глукан, кои го намалуваат нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол. Нутриционистите препорачуваат да се јаде колку што е можно повеќе овес, а овесната каша е најдобар начин да се започне денот.
Препорачано
Денеска ви претставуваме рецепт кој изобилува со здрави намирници кои ќе му обезбедат витамини, минерали и енергија на вашето тело.
Состојки:
– 1 шолја овесни снегулки
– 1 шолја исечкани тиквички
– 1 шолја исечкан праз
– 2 шолји исечкани свежи печурки
– 2 чешниња лук, изгмечени
– малку бибер
– 1 коцка за супа од зеленчук
– 1/2 чаша бело вино
– 1/2 шолја сечкани ореви
– 1/3 шолја сечкан свеж босилек
– 1 лажица маслиново масло
Подготовка:
Во големо тенџере на загреано маслиново масло ставате ги тиквичките, празот, печурките, лукот и биберот и динстајте ги додека не омекнат.
Во меѓувреме во помало тенџерче загрејте 1/2 л вода и додадете ја коцката за супа од зеленчук и виното да биде топло, но не да зоврие.
Во супата од зеленчук додадете ги овесот и оревите и промешајте.
Потоа 1/2 чаша од супата додадете кај зеленчукот и мешајте за да се соединат состојките. По извесно време повторно додадете од супата и промешајте.
Варете ја содржината на тивко околу 20 минути со постојано мешање, односно додека не добиете кремасто рижото.
Се служи топло, а одозгора се украсува со сецкан свеж босилек.


