Фото: илустрација / Brent Hofacker / Alamy / Profimedia

Рецепт за посна салата со брокула и бадеми: Повкусна и од онаа во ресторан! 

Посната салата со брокула и бадеми содржи совршена комбинација на вкусови, крцкава и ароматична.

Брокулата е одличен извор на витамини, како што е витаминот К, кој е важен за згрутчување на крвта и за здрави коски. Содржи и витамини од групата Б, но и многу калиум, кој го регулира високиот крвен притисок, како и фосфор, железо и хром. Поради својот состав има силни антивоспалителни својства.

Богата е со влакна и затоа е многу важна за дигестивниот тракт. Содржи и магнезиум и витамини А и Ц. Има антиоксиданти корисни за заштита на кожата од ефектите на УВ-зрачењето.

Состојки:

– 680 г брокула

– 1 дланка магдонос, сечкан

– 1 лажица маслиново масло

– 40 г презла

– 70 г печени бадеми, сечкани

За преливот:

– 1-2 црвени пиперки

– 3 лажици суво грозје

– 3 лажици мед

– 1 средна главица кромид шалот

– 1 мал црвен кромид, исечен на коцки

– 2 чешниња лук

– рендана кора од 1 лимон

– 2-3 лажици сок од лимон

– 1 лажичка сенф

– ½ лажичка црвена мелена пиперка

– ¼ лажичка сол

– прстофат бибер

– 60 мл маслиново масло

Подготовка:

За да направите посна салата, прво направете го преливот. Измешајте ги тенко сечканите пиперки, сувото грозје и медот и додајте ги во тава. Оставете да зоврие и гответе на тивок оган 5 минути, повремено мешајќи. Смесата ќе се пени додека пиперките испуштаат вода. Додајте ситно сечкан лук и пржете уште 3 минути.

Префрлете ја смесата во стаклена тегла и оставете малку да се излади. Додајте сечкан шалот, кора од лимон, 2 лажици сок од лимон, сенф, мелена пипер, ¼ лажичка сол (повеќе по вкус), бибер и маслиново масло. Добро протресете да се соединат. Вкусете, додајте повеќе сол или бибер по вкус и уште 1 лажица сок од лимон по желба. Преливот ќе биде густ.

Подгответе ја брокулата. Исчистете и исечкајте ја. Исечете ги цветовите на големи парчиња. Стеблата ставете ги во блендер. Блендирајте со кратки рафали додека ситно не се исечкаат. Префрлете ги во сад. Потоа додајте ги цветовите во блендерот и кратко изблендирајте неколкупати.

Шалотот исечкајте го на коцки и на 1 лажица масло пропржете ја презлата. Додајте прстофат сол и бибер, па измешајте. Мешајте често, особено кога ќе почнат да добиваат боја, 3 до 5 минути, додека не поруменат. На крајот измешајте ги брокулата, црвениот кромид и сечканиот магдонос во голем сад за сервирање. Прелијте со преливот и измешајте. Зачинете по вкус со сол и бибер. Додадете ги презлата и сечканите бадемите и повторно измешајте. К. А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот