Рецепт за посна пита со афион и вишни

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пита со афион и вишни е многу убав десерт, а овој пат станува збор за рецепт што е идеален за велигденскиот пост и тоа за оние што постат.

Впрочем, ги има и оние што сакаат да пробаат нешто поразлично и со помалку состојки. Овој рецепт едноставно се подготвува, не бара многу време за подготовка (околу еден час) и состојки што не се многу скапи.

Состојки:

– 500 грама мелен афион
– 500 грама кори за пита
– 300 грама вишни
– 300 грама шеќер
– ванилин шеќер
– вода
– малку брашно

Подготовка:

Во тенџере сипете ги афионот, шеќерот, ванилиниот шеќер и додајте вода колку да се добие смеса како за палачинки.

Ставете го тенџерето на оган за да проврие. Не е потребно долго да се вари, само треба да зоврие.
Дното од тепсијата посипете го со брашно (или ставете хартија за печење) и редете ги корите. Секоја кора намачкајте ја добро со врелиот фил, а вишните ставајте ги на секоја втора или трета кора.

Последната кора посипете ја малку со вода.

Печете во рерна на 180 степени Целзиусови додека не порумени.

Исечете ја питата на коцки, па послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот