Рецепт за пиперки во сенф, задолжителен дел од секој зимница
Пиперката е незаменлив зеленчук во секоја зимница. Од пиперките се прави она што секој најмногу сака да го јаде во зима, а тоа е ајвар, но и печени пиперки што се служат како салата. Но, тие можат да се користат на повеќе начини во подготовката на зимницата, а еден од најдобрите рецепти е токму овој – пиперки во сенф. Ако сакате попикантни салати, тогаш задолжително пробајте ја оваа, а можете да ја послужите со некое месо и не ви треба ништо друго. Всушност, во вкусот на оваа зимница можете да уживате и само со парче топол домашен леб.
Препорачано
Состојки:
– 15 пиперки
– 250 мл оцет
– 250 мл вода
– 1 лажица сол
– 2 лажици шеќер
– малку конзерванс
– ловоров лист
– бибер во зрна
– 200 мл масло
– 300 г сенф
Подготовка:
Пиперките добро измијте ги и исечете ги на ленти. Во тенџере измешајте вода, оцет, сол, шеќер, конзерванс, ловоров лист и бибер во зрна. Додајте ги пиперките и варете додека не зовријат, па оставете уште 10-15 минути да се варат пиперките. Извадете ги пиперките на цедалка и оставете ги да се изладат и исцедат. Во еден сад убаво измешајте ги маслото и сенфот, па додајте ги пиперките и сè убаво соединете. Со вака приготвените пиперки, убаво пополнете ги претходно стерилизираните тегли.


