Рецепт за пикантни копани од рерна, совршен ручек за семејството
Домаќинките од нашите простори често подготвуваат пилешко на разни начини, бидејќи подготовката на ова месо не одзема премногу време. А, за одличниот вкус, да не зборуваме.
Препорачано
Затоа, за вас подготвивме рецепт за пикантни копани од рерна за чија подготовка не е потребно повеќе од 15 минути.
Ако сте љубител на пилешкото месо подгответе зачинети копани печени во рерна, чија подготовка не трае повеќе од 15 минути.
Кога ќе ги послужите со компири и супа, ќе имате целосен и брз ручек за целото семејство.
Состојки:
– 5 батаци
– 2 лажици масло
– 3 чешниња лук
– 1 кромид
– 1 лажичка сол
– 2 лажички црвен пипер
– мед
– бибер
Подготовка:
Во сад измешајте ги сите суви зачини, па додадете ги копаните и добро премачкајте ги со нив, за да ги впијат зачините. На крајот, додадете ги и изгмечениот лук и ситно исечканиот кромид и оставете да отстои најмалку 15 минути.
Во загреана тава ставете масло, па пржете ги копаните по две минути од двете страни.
Ако сакате копаните да ги јадете со компири, излупете ги, исечете ги на коцки и ставете ги во подмачкан плех. Врз компирите наредете ги копаните.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Превртувајте ги одвреме- навреме.
Кога ќе бидат готови, копаните премачкајте ги со мед.


