Фото: Ella Olsson / Pexels

Рецепт за освежителен мус од лимон со само 3 состојки, најубавиот летен десерт

Овој едноставен рецепт може да го совладаат и најголемите аматери во кујната. Најтешкиот дел од целиот процес е да се чека да се излади во фрижидер. Доколку имате желба за нешто благо, а освежително, наместо комплицирани рецепти со многу состојки, ви носиме едноставен рецепт без преголема филозофија. Оваа брза верзија на вкусен мус од лимон, се прави со само три состојки и не вклучува јајца.

Фото: Emily Carlin / Flickr

Состојки:

– 250 мл слатка павлака за шлаг
– 230 мл бело чоколадо
– 80 мл свежо исцеден сок од лимон

Фото: Nina Firsova / Alamy / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Белото чоколадо исечкајте го на ситни парчиња и стопете го. Во смесата додајте го свежо исцедениот сок од лимон и измешајте. Ставете ја смесата во фрижидер околу половина час. Претворете ја павлаката во шлаг и измешајте со смесата со лимон додека не се соединат сите состојки. Смесата се дели на помали порции (чаши) и се става во фрижидер да отстои два часа пред да се послужи. Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот