Фото: Unsplash

Рецепт за ориз со зеленчук на јапонски начин: Пробајте го уникатниот вкус на 

Оризот е едногодишно растение, житарка од фамилијата треви што потекнува од тропските и суптропските предели на Азија и Африка. Се одгледува на значително големи површини и во Македонија, најмногу во долината на Брегалница во Кочанската Котлина, а во помал обем и во долините на Тополка и Бабуна во Велешко.

Нутриционистите најчесто за исхрана го препорачуваат кафеавиот ориз затоа што не му се вади обвивката од јадрото на зрното, што прави зрното да има уникатен вкус, но е потешко за џвакање. Се вари двапати подолго од белиот ориз. Белиот ориз, од друга страна, е поделикатен и мек, но ги нема хранливите својства како кафеавиот.

Во јапонската кујна е често застапен, особено во комбинација со вкусен зеленчук и многу билки и зачини. Ви откриваме како да подготвите еден од нивните традиционални рецепти.

Состојки:

– 300 грама ориз
– 1 домат
– половина црвена пиперка
– половина жолта пиперка
– 1 кромид
– 100 грама боранија
– 50 грама пченка
– неколку лажици маслиново масло
– сол, бибер
– сос од соја
– свеж магдонос

Фото: Unsplash

Подготовка:

Сварете го оризот во солена вода според упатствата на пакувањето. Измијте ги боранијата, црвената пиперка, жолтата пиперка, доматот и младиот кромид. Потоа исечкајте го целиот зеленчук на коцки и пржете неколку минути на малку масло, сол и бибер во вок или во голема тава. Додајте неколку капки сос од соја и малку сок од лимета.

Потоа, додајте го сварениот ориз и добро промешајте за да се соединат вкусовите.

Послужете веднаш додека е топло и додајте малку свеж магдонос одозгора.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот