Супа од тиквички / Фото: Simone Voigt / Panthermedia / Profimedia

Рецепт за најевтиниот и најдобриот ручек на лажица со тиквички: Полн со витамини, а се приготвува за миг

Тиквичките се омилена намирница во лето, како поради својот единствен вкус, така и поради фактот што можат да се приготват на милион начини.

Состојки:

– 1 средна тиквичка
– 1 главица кромид
– 3-4 чешниња лук
– 1 помал морков
– 70 г целер
– 3-4 компири
– 2 домати
– мирудија
– ливчиња магдонос
– 2-3 лажици масло
– бибер, сув зачин, сол

Приготвување:

Издинстајте го кромидот на масло, па додајте го и лукот. Потоа, додајте ги сечканите компири, морков и целер. Динстајте кратко, па додајте сечкани домати и 200 мл вода. Ставете ги сечканите тиквички, продинстајте кратко, па додајте уште вода. Гответе додека омекнат состојките, па додајте зачини и сечкани мирудија и магдонос.
На крај, додајте изматено јајце со павлака и брашно. Загрејте кратко и послужете. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот