Рецепт за магичен ролат-пита со спанаќ и сирење
Ако ви здодеаjа класичните рецепти за пити, ви предлагаме нешто поинакво. Зошто да не направите комбинација од пита и ролат со спанаќ и сирење.
Препорачано
По желба додадете шунка, пченка или маслинки, и ќе добиете сочно јадење. Пробајте и уживајте!
Состојки:
– тенки кори
– 7 брикети замрзнат спанаќ
– 200 грама сирење
– 2 јајца
– 1 лажица кисела павлака
– 200 грама шунка или друго, на парчиња
За прелив:
– 100 мл јогурт
– 1 јајце
– 50 мл маслиново масло
– 1/2 прашок за печиво
Подготовка:
Издробете го сирењето, додадете ги двете јајца, павлаката и спанаќот па сѐ изедначете. Во друг сад сипете јогурт, додадете јајце, масло и прашок за печиво и изедначете ја смесата.
Првата кора премачкајте ја со 2-3 лажици прелив, врз неа втората кора, па третата кора. На дното на кората наредете ги парчињата од сувомеснато, а преку нив сирењето и спанаќот.
Свиткајте ги рабовите и завиткајте во ролат и редете во плех обложен со хартија за печење.
Остатокот од преливот прелијте го врз ролатите. Сечете го на пократки ролати. Печете на 200 степени околу 50 минути.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


