Рецепт за фантастичен чоколаден мус, кремаст десерт на кој нема да му одолеете

Фото: PickPik

Ако сакате да се чувствувате како француски готвач, тогаш треба да ја прифатите авантурата на правење чоколаден мус. Мус е совршен воздушен кремаст десерт, кој ѝ дава свечен тон на секоја пригода, прослава или празник.

Треба само да ги набавите состојките, најважно е квалитетно чоколадо со висок процент на делови од какао (70 отсто). Но, еднаков предизвик може да биде и мусот од бела чоколада, дури и со малини. Изборот е ваш.

Фото: Bakes by brownsuga

Состојки за 6 лица:

– 350 грама чоколада за готвење
– 60 грама путер
– 4 јајца
– 1 лажица коњак
– украси за декорација

Фото: Ella Olsson / Pexels

Подготовка:

Во сад искршете го чоколадото на коцки и чинијата ја додавате врз пареа. Чоколадото треба да се растопи само од себе без да го мешате.

Во меѓувреме, одвојте ги жолчките од белките. Штом се растопи чоколадото, почнете да додавате една по една жолчка и мешајте.

Добро изматете ја секоја жолчка без да ја тргате чинијата од пареата.

На крајот додајте го путерот и тргнете ја чинијата од пареата. Добро измешајте, додајте го коњакот и повторно добро измешајте.

Белките изматете ги во цврст снег и една лажица од снегот додајте во чоколадниот крем.

Измешајте, а потоа додајте ја целата содржина од белките. Смесата треба да стане совршено хомогена.

Добиениот мус префрлете го во чаши и оставете го во фрижидер да се лади барем 4 часа.

Непосредно пред сервирањето, украсете го со исечкани бадеми, ф’стаци, рендано чоколадо, чоколадни или разнобојни зрнца и уживајте во вкусот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот