Рецепт на Давор Панчевски за кремасти коцки со превкусен чоколаден фил

Давор Панчевски
Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Вистинско уживање е кога млад човек сака да покаже што умее, што може и што сè знае да создаде. Но, уште поголемо уживање е кога несебично сака да ги сподели своите вештини. Таква е приказната на младиот готвач Давор Панчевски кој реши повторно да сподели со нас некоја вкусна тајна од неговата кујна.

Давор денес споделува рецепт за крем коцки со чоколадо што се топат во уста.

„Овој десерт можете да си го подготвите уште денеска и во текот на нареднава недела да уживате во шолја кафе и парче од овој превкусен колач“, вели Панчевски.

Од кујната на младиот Давор Панчевски: Брза пита со компир и праз

Потребни состојки:

За пандишпанот:
– 5 белки
– 6 лажици шеќер
– 4 лажици масло за јадење
– 4 лажици брашно
– 2 лажици какао
– половина пакетче прашок за печиво
– 5 лажици млеко

За филот:
– 5 жолчки
– 100 г шеќер
– 2 пакетчиња ванилин шеќер
– 4 лажици нишесте
– 500 мл млеко
– 200 г путер, на собна температура
– 150 г чоколадо за готвење
– 200 г бисквити
– млеко за потопување на бисквитите
– 4 лажици мармалад од кајсија
– 1 кесичка шлаг крема од чоколадо
– 120 мл млеко

Давор Панчевски
Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Изматете ги белките заедно со шеќерот во цврст шам. Додајте го маслото, брашното, какаото, и прашокот за пециво. Префрлетр ја смесата во правоаголно тавче 20х35 обложено со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Испеченото тесто полејте го со 5 лажици млеко и оставете да се излади. Во сад изматете ги жолчките, нишестето, и малку млеко. Во тенџере на оган додајте го преостанатото млеко, шеќерот и ванилата. Додајте ги изматените жолчки и гответе додека смесата не се згусне. Додека филот е сеуште топол додајте го путерот и чоколадоро сечкано на коцки. Промешајте додека целиот фил не се соедини. Филот префрлете го во сад и покријте со хартија за свежа храна за да не се формира кора. Изматете ја чоколадната шлаг крема со 120 мл млеко. Врз изладениот пандишпан нанесете половина од чоколадниот фил. Израмнете со помош на шпатула и нанесете еден ред бисквити потопени во млеко. Врз бисквитите премачкајте со слој џем од кајсии. Врз џемот додајте ја втората половина од чоколадниот фил. Повторно нанесете еден ред бисквити потопени во млеко и декорирајте со изматената чоколадна шлаг крема. Оставете да се излади и сервирајте парчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот