Разрешена в.д. директорката на Театарот Комедија Нора Шаќири Марковиќ

Нора Шаќири
Нора Шаќири / Фото: Скриншот, Јутјуб

Утрово со решение на Министерствoто за култура е сменета од функцијата в.д директор Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ.

На нејзино место е поставена Магдалена Ризова Черних. Смената во овој театар доаѓа по анонимната пријава за мобинг вршен од страна на Шакири, по што беше испратена инспекција во објектот.

Вработените сметаат дека ова е неиздржан потег затоа што до синдикатот не стигнала никаква пријава за мобинг од Шаќири и не се согласуваат со именувањето на Ризова Черних за в.д. директорка, за што според нив, таа беше уметничка директорка додека директоруваше Сашо Ристовски, кој на почетокот на февруари беше сменет од функцијата директор на Комедија заради финансиски дубиози од 130 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот