Разбиена нарко-група во Германија и Белгија, уапсени 17 Албанци

Во заедничка акција на германската и белгиската полиција во која учествувале околу 300 полицајци разбиена е нарко-банда која шверцувала хероин и кокаин, јавија албанските медиуми. Уапсени се 17 Албанци, од кои 15 во Белгија и двајца во Германија.

– Истражителите откриле дека дрогата се шверцувала во контејнери во Белгија, пред да биде пренесена во Германија и потоа дистрибуирана низ Европа. Во акцијата се запленети 700 илјади евра, 15 килограми хероин, три килограми синтетичка дрога и три килограми кокаин, 13 возила и три парчиња огнено оружје, наведуваат медиумите.

Европол ја поддржал оваа истрага со обезбедување експертиза и обемна аналитичка поддршка и со олеснување на размената на информации преку своите сигурни канали.

-Низа оперативни состаноци организираше Европол низ Европа со цел да се пополнат истражните празнини на меѓународно ниво и да се координираат истовремени дејствија насочени кон разбивање на целата структура на оваа криминална група, додава abcnews.al.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот