Расте бројот на мигранти во Европа: Најмногу Сиријци и Авганистанци илегално влегуваат во ЕУ преку Западен Балкан

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бројот на мигранти кои илегално влегуваат во ЕУ преку Западен Балкан е скоро двојно зголемен оваа година, соопшти Европската агенција за гранична стража (Фронтекс). Според нив најголем број од луѓето се Сиријци и Авганистанци, а трети се Мароканците. 

Податоците на Фронтекс покажуваат дека од јануари до јули се откриени 22,600 мигранти кои илегално влегле во ЕУ од западнобалканската рута, што е за 90% повеќе од истиот период лани. 

Минатиот месец беа откриени 3,600 илегални преминувања на границата на ЕУ од западнобалканската рута, за 67% повеќе него јули 2020-та година. 

Како што наведува Фронтекс, притисокот на мигрантите продолжува да расте на источните граници на ЕУ, каде на границата на Литванија беа забележани повеќе од 3 илјади илегални преминувања на мигранти од Белорусија. 

Централномедитеранската рута во јули имала најголем удел во илегалните преминувања а потоа е западнобалканската рута. 

На таа рута најмногу лица има од Тунис, Бангладеш и Египет. 

Бројките на илегални мигранти според Фронтекс би требало да се намалат во иднина. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот