Раст на БДП/ Фото Архива на Слободен печат

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 % во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година – соопшти денеска  Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,2 % и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6,1 %. Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86,4 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства. Според сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3,3 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот