клинички центар слободен печат/фото слободан ѓуриќ

Ранетиот ученик од Ченто е во стабилна, но и натаму критична состојба

Повредениот деветтоодделенец, кој беше прободен со нож во основното училиште ООУ „22 Ноември“ во Ченто, е во стабилна, но сè уште критична здравствена состојба. Од Ургентен центар информираат дека детето е под постојан лекарски надзор, а во неговиот третман се вклучени хирурзи од повеќе оддели.

Според информациите од Обвинителство, тоа постапува по случајот согласно Законот за правда за децата, додека истрагата е во тек. Од општина Гази Баба најавуваат координација со училиштата и надлежните институции, како и седница на која ќе се разгледаат мерки за превенција на идни инциденти.

Министерката за образование Весна Јаневска најави дека се разгледуваат законски измени, меѓу кои и можност за казнување на родителите чии деца извршуваат насилство во училиште.

Се запали „порше“ во движење во Радишани, возачот не е повреден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот