Јаневска: Разговараме со пратениците за законски измени за воведување казни за родители на деца насилници
По зачестените случаи на меѓуврсничко насилство во училиштата, министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска најави дека иницира да се направат измени во Законот за образование со кои ќе се предвиди казна за родителот чиешто дете врши насилство во училиште.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Во моментот разговараме со пратениците за да се формулира таа измена во законот – рече Јаневска.
Таа појасни дека агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, дека носењето ножеви и други опасни предмети во училиштето, исто така доаѓаат од дома, а не од образовните установи, па затоа ги повика родителите на одговорност и внимателност.
– Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца. Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех – изјави Јаневска на прес-конференцијата во Министерството за образование посветена на Онлајн водичот за квалификации.
Министерката останува на ставот дека треба да бидат лиценцирани и училишните психолози и дека е потребна едукација и на наставниците за да ги забележат ваквите насилни однесувања.
– Постои закон во кој се вели дека секој психолог треба да е лиценциран. Тој закон не е влезен во имплементација. Веќе кажав дека ќе побарам да се лиценцираат и училишните психолози кои треба да направат стручни тимови и да работат со децата и со родителите и со наставниците во препознавање на тоа што се случува во училиштето – рече Јаневска.
Полицијата вчера уапси 15-годишник кој со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во Општина Гази Баба во Скопје. Според информациите, инцидентот се случил во ООУ „25 Мај“, во населбата Ченто.
– На 11.5.2026 во 14:50 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – соопштија од МВР.
Се запали „порше“ во движење во Радишани, возачот не е повреден
Директорот на Ургентниот центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Игор Мерџаноски, информираше дека состојбата на избоденото момче е животнозагрозувачка.
– Пациентот има 14 години и е примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и со посекотина на главата. По приемот е извршена компјутерска томографија и лабораториски тестови и итно е префрлен на интензивна нега, каде што е утврдена индикација за итна операција. Пациентот е опериран вчера. Неговата состојба денеска е стабилна, но сепак е во животна опасност. Има оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена, која е вена во пределот на стомакот – рече д-р Мерџаноски.
Момчето прободено во училиште се бори за живот — има тешка рана во стомакот и исеченица на лицето


