Рама: Нема повеќе лекари да работат и во јавни и во приватни болници

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека докторите нема да можат истовремено да работат во приватни и во јавни болници. Според него, оваа стара шема ќе заврши и таа е непотребна и додаде дека болницата во Фиер што ја гради Турција, ќе обезбеди бесплатна услуга за граѓаните.

– Старата историја на лекари со две станици, една во јавна и друга во приватна болница завршува. Не само што е забранета, туку и затоа што е непотребна во услови кога се работи во јавна болница, лекарите можат да добиваат повисоки плати врз основа на услугите што ги даваат. Овој пилот проект ќе биде многу важен извор на информации и знаење во поглед на проширувањето на моделот на сите болници, рече Рама.

Додаде дека Универзитетската клиника е подобара од кога било до сега, како во однос на опремата и кадарот, така и во квалитетот на услугите.

– Но, ќе започнеме со следната фаза на реформата со давање на автономија и можност за лекарите да се чувствуваат како на свој имот во јавните установи. На овој начин имотот, опремата, услугата стануваат совршени како директен интерес за зголемување на приходите од работа. Секако тука и давањето бесплатна услуга на граѓаните во која било јавна болница. Регионалната болница во Фиер ќе биде јавна и граѓаните нема да плаќаат за услуга, но моделот на управување ќе биде целосно различен од нашите болници, посочи Рама.

Регионалната болница во Фиер што ја гради Турија ќе дава услуги за целиот јужен дел на Албанија, но и пошироко.

Како што најави Рама, за одреден временски период ќе се администрира со човечки ресурси од здравствениот систем на Турција, управителот, началникот на човечки ресурси, началниците на одделенијата, сите ќе бидат од турскиот здравствен систем.

Изградбата на болницата што почна пред десеттина дена, треба да заврши за три месеци, поточно на почетокот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот